Електричар открива како да се штеди струја

|

Интернет-форумите се полни со совети како да заштедите пари на бојлер, а некои од нив ги дадоа експерти, односно мајстори.

Доколку во домаќинството живее самец или само брачен пар, најдобро е да го вклучите бојлерот кога е потребно, додека струјата е евтина. Ако се работи за повеќечлено семејство, ќе заштедите повеќе ако бојлерот е постојано вклучен. Зависи и од тоа дали водата од бојлерот се користи само за туширање или и за кујна, затоа, доколку целата топла вода во домот доаѓа од ист уред, најдобро е да ја држите постојано вклучена.