Елен Деџенерис со солзи во очите го одјави нејзиното последно шоу

ИЗВОРНов Лист
|

Со солзи по образите, Елен Деџенерис последен пат беше водителка на нејзиното популарно шоу во четвртокот, со што стави крај на 19-годишната ТВ кариера.

Гости на последното шоу беа Били Ајлиш, Пинк и Џенифер Анистон, што воедно беше нејзино 20-то појавување. Гледачите можеа да ги видат и братот на Елен, Венс и сопругата Порше де Роси.

– Излегов овде пред 19 години и реков дека ова е почеток. Денес не е крај, повеќе е мала пауза. Сега можете да гледате други емисии, а јас можеби ќе сретнам некоја друга публика. Пред 20 години, кога се обидовме да го продадеме ова шоу на една станица, никој не веруваше во тоа. Не затоа што тоа беше поинакво, туку затоа што јас бев поинаква. И еве ние, 20 години подоцна, го славиме ова неверојатно патување.

– Колку убав пат поминавме заедно. Ако ова шоу ве насмеа кога минувавте низ тешки времиња, тогаш јас си ја завршив работата.

– Благодарение на оваа платформа можевме да ги промениме нашите животи, а ова шоу е најдоброто нешто што ми се случило. Тоа ги надмина моите најлуди соништа – рекла Елен.