Елена Ристеска со денови ја следел и вознемирувал маж – Била приморена да побара заштита од полицијата

ИЗВОРЖенски магазин
|

Јавните личности често се мета на најразлични напади, коментари, па дури на нивните настапи можат да им се случат испади од страна на нивните фанови, кои ја преминале границата на нормалата. Пејачката Елена Ристеска раскажа дека пред неколку години била принудена дури да побара заштита од полицијата, откако повозрасен човек со денови ја вознемирувал, пишува Женски магазин.

– Ми пишуваше дека вселената нѐ предодредила да бидеме заедно и дека сум го разбудила од кома, па почна да ми доаѓа на врата. Тој случај заврши со пријава во МВР. Многу често фановите ги губат сетилата и почнуваат да прават нешта кои нѐ вознемируваат. Нѐ следат на улица, а тоа може да прерасне во опсесија и веќе не е поврзано со обожување, туку со пострашна форма на однесување – објасни Ристеска пред неколку месеци.

Низ годините ѝ се случиле многу невообичаени ситуации. Повеќето биле симпатични гестови, но признава дека на своја адреса добивала и навредливи пораки. На автомобилот често наидувала на пораки на кои пишува: „Елена те сакам!“ или „Елена, омажи се за мене“.

– Има и луѓе со фантазијата без граници, па си замислуваат дека сме заедно и ми стигнуваат пораки од типот: „Оваа е нашата песна“ или „Те сакам, а ти не ми возвраќаш на љубовта“. Кога ќе се налутат ми пишуваат навредливи коментари. Има личности кои ми пишуваат преку триесет пораки дневно – раскажа пејачката за Женски магазин.