|
Пејачката Елена Ристеска деновите имаше една сосема поинаква објава, повторно поврзана со парфемите, но инспирирана од нејзината внука Делфина. Делфи за тета направила цртеж, односно го нацтала шишенцето сакајќи да ја изненади саканата тетичка.
А Елена, секако беше стопена од среќа и не можеше да не го објави изненадувањето кое не го ни насетувала.
„Ме изненади, не очекував дека ќе и текне нешто вакво…Во вид на честитка е направено, коментираше Елена.
Очигледно дека Делфина има желба за сликање и цртање, баш како нејзината мајка од која ги повлекла гените за оваа гранка на уметноста.