Елена Велевска потврди дека се разведува: „Не успеав да го спасам бракот!“ (ВИДЕО)

ИЗВОРНов лист
|

Естрадниот магазин „Бекстејџ’“ во најавата за вечерната емисија откри дека фолкерката Елена Велевска се разведува.

Веста за разделбата ја потврдува самата пејачка, а причините ќе ги дознаете во вечерното издание на магазинот кое стартува во 23 часот на Канал 5 телевизија.

„Многу се трудев за да ги задржам двете позиции, но тоа е, во тек е разводот“, рече Елена.

Вечерва во новото издание на Бекстејџ ќе гледатеЕлена Велевска и официјално потврди дека се разведува од сопругот Маријан. И покрај многуте обиди да го спаси бракот, разделбата била неизбежнаМарјана Станојковска се подготвува за свадба. Откри во каква венчаница ќе заблеска на најубавиот ден во нејзиниот животОткако успеа да го прошета целиот свет, на ред дојде и Скопје. Промоција на Андрија Терзиќ полна со емоцииВечерва во 23 часот на Канал 5 тв, Бекстејџ го носиме директно во вашите домови

Gepostet von Backstage Macedonia am Montag, 24. Februar 2020

Од бракот со бизнисменот Марјан Мирчески, Елена има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Познатата пејачка го запознала сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година. Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.

– Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував – раскажа Велевска во едно интервју.

Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.