Познатата фолк пејачка Елена Велевска во изминатиот период беше посебно актуелна на темата љубовен живот. Велевска веќе се разведува од сопругот Марјан, со кого има и деца.
Таа во емисијата со Миро и Ведрана зборуваше отворено на многу теми и откри интересни детали од нејзиниот музички но и приватен живот.
– На сцената сум веќе 25 години, првиот поголем фестивал го имав 2000 година, во последните година и пол послабо сме активни.
Имено, таа напомена дека нема да зборува многу од причина што на децата им дала ветување дека нема да изнесува многу информации во јавност.
– Им дадов ветување на децата дека нема да зборувам во јавност многут, но можам да кажам дека сме во тек, имаме некој проблеми никој не се откажува така од децата, но ќе најдеме баланс.
Миро Кацаров ја праша за сопругот во какви односи се со него и се осврна и на изјавата на нејзиниот поранешен сопруг кој изјави дека таа има психички проблеми, а таа на тоа одговори:
– Со него сум во коректни односи, може да се каже дека бевме во брак 12 години, а со таков сопруг секој би имал психички проблеми, вели Велевска.