Естрадниот магазин „Бекстејџ’“ во најавата за синоќешната емисија откри дека фолкерката Елена Велевска се разведува.
Веста за разделбата ја потврдува самата пејачка.
„Многу се трудев за да ги задржам двете позиции, но тоа е, во тек е разводот“, рече Елена.
„Jaс кажав дека нема да разговарам на оваа тема бидејќи во бизнисот одлично ми оди, но не и во љубовта. Децата ми ја дават енергијата кој ми е потребна, а за маж…има многу мажи во светот“ , вели Елена.
Од бракот со бизнисменот Марјан Мирчески, Елена има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко. Познатата пејачка го запознала сопругот на една од нејзините турнеји во Австралија во 2002 година. Во една прилика откри дека ѝ се случила љубов на прв поглед.
– Ме освои со едноставноста. Најубавите работи и брзо се случуваат, тој беше таму, јас овде, помина малку време кога Марјан одлучи да се врати во Македонија и да започнеме заеднички живот во неговиот роден град Охрид. За жал, немавме време за свадбена веселба каква што си посакував – раскажа Велевска во едно интервју.
Марјан, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.