Британската поп ѕвезда Елтон Џон го прославува својот 75-ти роденден со новиот албум „Diamonds: The Ultimate Greatest Hits“, објавен на стриминг платформите.
Пејачот, чие вистинско име е Реџиналд Двајт, е роден на 25 март 1947 година во предградието на Лондон. Во 1998 година, британската кралица Елизабета Втора му ја додели титулата витез за неговиот придонес во музиката.
„Јас не сум човек кој гледа назад, но 75 години се навистина важен роденден“, рече музичарот, кој во својата 50-годишна кариера продаде повеќе од 300 милиони плочи ширум светот.
Во септември 2021 година, тој го издаде својот нов албум „The Lockdown Sessions“, во соработка со млади уметници.
Музичарот, познат по својата ексцентрична облека, ја започна прошталната турнеја „Farewell Yellow Brick Road“ во 2018 година, планирајќи повеќе од 300 концерти во текот на три години низ светот.
Автор е на хитови како „I’m Still Standing“, „Your Song“ и „Crocodile Rock“, а во 2019 година е снимен и филм посветен на неговиот живот.