Оваа тема кај нас е сеуште табу, хетеросексуалците осудуваат, се чувствуваат дека се далеку од ова и дека тоа не е нивен проблем и му се случува на таму некој. Но бидејќи оваа појава во развиентите земји не се третира како болест туку е утврдено дека или сте или не сте од самото раѓање, се поголема е потребата јавно да се се дебатира на истата…
Што друго кажа, погледнете во интервјуто…
Тој кажа:
“Геј сум, мојата сексуална определба е вродена, тоа не е болест. Излезете од стереотипите, прифатете ги различностите! ”
Што друго кажа, погледнете во интервјуто…
Геј-заедницата во Македонија
Според една анкета на македонскиот „Хелсиншки“ комитет за човекови права изработена со неколку партерски невладини организации, 9,6% од населението во Македонија е нехетеросексуално.
Општ е впечатокот дека во државата нема изразена агресивност кон ова малцинство, но дека предрасудите доминираат.
Што мислат некои граѓани за хомосексуалците?
-„Не би мислел никогаш за нив; За бракови лично не, затоа што мислам дека некако лош пример се дава на помладите; Не ми се бендисува тоа да се поддржува.“
„Проблем!“
Следните соговорнички се хомосексуалци кои не сакаа да ги кажат своите вистински имиња, а ќе ги претставиме како Валентина и Весна.
Што мислат за негативниот однос на мнозинството хетеросексуалци кон нив?
Најпрвин Валентина:
-„Има луѓе кои се’ уште тоа не го сфаќаат, се плашат или не знам. Не знам што им е проблемот, но верувам да се запознаат со некој кој е геј, мислам дека не би имале проблем“.
-„Апсолутно без никаков проблем. Можеби е наша среќа не сме налетале на некој конзервативни луѓе кои што би имале проблем со тоа.“
Валентина кажува што е геј-party и што се случува на тие забави:
-„Дружење, се собираме геј-луѓето или има луѓе кои се пријателски расположени кон хомосексуалците. Се дружиме, слушаме музика што ја сакаме, ќе се напиеме нешто, зборуваме за различни работи, има ли некој проблеми, некој положил испит на факултет, некому се породила сестрата, тоа го славиме.“
-„Во приницип тоа се луѓе без предрасуди и – да, имаат во себе нешто што потиснуваат, секако дека не ни’ е лесно, меѓутоа, што знам, наоѓаме на друг начин издувен вентил“.
9.60%
Зборувавме и за економијата во државата и тоа дека со нивните професии сепак денес тешко се добива работа.
И двете работат, но само Весна е корисник на здравствено и пензиско осигурување.
Припаѓаат на 9,60 % население со нехетеросексуална ориентација, според анализата на Хелсиншкиот комитет за човекови права направена во 2005 година.
Во Македонија до 1996 година машката хомосексуалност беше кривично дело со казна затв*р до 1 година.
Женската хомосексуалност не беше никако третирана.
Брак и права
Лезбејки
Според законот за семејство во Македонија брак е заедница меѓу маж и жена и при тоа, сопружниците се стекнуваат со права од социјалната сфера и наследно право.
Истото важи и за вонбрачните заедници кои функционираат над една година.
Но, социјалната сигурност и наследното право не се дел од правата што сега во Македонија ги уживаат хомосексуалните двојки.
Група невладини организации чија мисија се човековите права подготвува закон за антидискриминација во кој ќе бидат правно нормирани сите видови дискриминација.
Весна и Валентина го објаснуваат нивниот однос:
-„Ние веќе две години и 6 месеци сме партнерки, живееме во Скопје во изнајмен стан. Јас главно пазарам, дома да биде се’ средено, под конец.“
Не се осврнуваат многу на реакциите на околината на нив и планираат да го продолжат заедничкиот живот.
Најпрвин да купат свој стан но токму тука е нивниот проблем.
-„Не можеме да го решиме статусот наш бидејќи условите и македонското законодавство не го дозволуваат тоа.“
Кога се зборува за „статусот на хомосексуална двојка“ тоа веднаш ја создава претставата за брак и правото за посвојување на деца.
Кочо Андоновски од МАССО вели дека тоа не е нивна намера:
-„Прашањето е околу секојдневните проблеми со кои се соочуваат нехетеросексуалните заедници. Се работи за социјална заштита, здравствена заштита, право на наследство.“
Во Македонија функционира т.н. граѓанска заедница, но партнерите ги уживаат правата на здравствено осигурување или наследување на семејна пензија само ако се маж и жена.
Граѓаните главно не размислуваат за степенот почитување на правата на хомосексуалците:
-„Дали се почитуваат? Ха, можеби се почитуваат; Не сум размислувала, немам таков проблем; Веројатно не, ама не сум посветил многу време да размислувам на тоа прашање; А не знам, немам информација колку се почитуваат, меѓутоа во светот веќе се почитуваат во поголем дел; Малку и преголеми права им даваме.“
Новоформираното владино координативно тело за прашањата поврзани со дискриминација на малцинствата, лицата со посебни потреби и возраст, во кое има и претставници на невладини организации спроведува согледување на реалната состојба.
Елена Гроздановска од одборот за еднакви можности на министерството за труд и социјална политика:
-„По вршењето на таа анализа, ќе утврдиме дали постои потреба од посебен закон за антидискриминација.“
Хомосексуалните двојки, како нашите Весна и Валентина, се надеваат дека со посебни одредби во Закон за антидискриминација, нивната врска ќе биде и правно регулирана.