Емина Јавоиќ и турскиот милионер Садетин Саран од почетокот својата врска сакаа да ја задржат во тајност, иако турските фоторепортери ги имаа забележано заедно повеќе пати. После раскинувањето, следеше смирување, но сега на љубовта навистина и дојде крај.
Во врска влегоа брзо по разводот на Емина од пејачот Мустафа Сандал со кој беше во брак 10 години и со кој има два сина, а се зборуваше и дека до крајот на годинава таа и со Садетин ќе застане пред олтар,
„Ја прекинав таа врска и тоа е завршена приказна. Ставивме точка на тоа бидејќи како да кажам, тоа се случи брзо после мојот брак. Имавме различни мислења, како и различен начин на живот. Се разделивме како пријатели во најдобри можни односи, ние сме сепак возрасни луѓе“ – изјави Емина во една емисија.
На прашањето на турските медии дали причината за разводот е наводната врска на Садетин со Дефне Самиели, Емина додаде дека не ја познава дотичната дама и дека причина за разделбата е тоа што таа некое време сака да биде сама.