Пејачката Емина Јаховиќ е позната по виткиот изглед, а за одржување на килограмите и чистење на телото посегнала по методи кои многумина ги дочекале со крената веѓа.
Емина Јаховиќ во интервју за локалните медиуми призна дека не јаде 48 часа до следниот оброк.
„Точно 20 часа без храна. Ајде да одиме!“, рече таа на Инстаграм, истакнувајќи дека чека уште 28 часа за да јаде.
Ваквите диети, кои се засноваат на фактот дека храната не се внесува во организмот два дена, не се туѓи за љубителите на здравата исхрана.