Одам да се одморам. Морам да се прекалибрирам себеси, да се преиспитам што сакам да правам следно, кој сакам да бидам и само да бидам обичен човек некое време, изјави актерот Ендрју Гарфилд (38) и целосно ги изненади фановите.
Ѕвездата на Спајдермен ја објави оваа вест за Variety. Покрај тоа, тој навести дека неговата претходна сезона на Оскарите била малку заморна. Тој ја нарече „машина за перење“ и додаде „мора да биде малку обична за некое време“.
Непосредно пред доделувањето на Оскарите, тој наводно ја прекинал љубовната врска со манекенката Алиса Милер (32), па на престижното доделување дошол сам.