|
Државната компанија ЕСМ прави пресметки по која цена од јануари ќе ја продава струјата на ЕВН. Речиси е извесно дека ќе се бара зголемување, што пак е очекувано да влијаело на крајната цена што ја плаќаат граѓаните.
Сепак, според информациите на Телма, дали ЕСМ ќе ја зголеми цената кон ЕВН – Владата ќе одлучува на седница во вторник.
Сега, цената по која државните електрани ја продваат електричната енергија на Универзалниот снабдувач е 36 евра за мегават, а на пазарите се продава и за цени поголеми од 200 евра за мегават час.
Конечната одлука за крајната цена на струјата што ја плаќаат граѓаните ја носи Регулаторната комисија за енергетика.