ЕСМ прави тест за испорака на „поскапото“ парно греење престојната грејна сезона бидејќи нема детали кога ќе се монтираат новите цевки

|

Потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап до топлинските станици и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата апелираат од ЕСМ.

Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1 Октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 Целзиусови степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

Она што останува се уште нејасно за граѓание е по која цена оваа година ќе ја плаќаат услугата со оглед дека се уште не е почната замената на цевките на топловодот под мостот Беласица.

Инсталацијата заглави меѓу реторичката војна на Град Скопје и ЕСМ. Компанијата со механизација ги донесе цевките на местото каде треба да се врши интервенцијата но ги избрка Арсовска велејќи дека не ги почитувале комуналните правила и на сред бел ден со тешки камиони се движеле по лентата која е пуштена за сообраќај.

Регулаторна комисија токму поради долговите помеѓу компаниите за топлинска енергија и Владата и проблемите со топловодот не носи нова одлука за цената на парното греење која што требаше да се соопшти уште кон крајот на јули. Пресметките на РКЕ покажуваат дека , доколку не се постават новите цевки парното греење ќе поскапи за над 60 отсто.