На 25.01.1981 се роди најголемиот и најдобриот музички вокал во Македонија Тоше, Тодор Проески. Денес се навршуваат 41 години од раѓањето на најголемата ѕвезда во Македонија. Човекот кој покрај големиот талент, имаше и огромно срце и секогаш имаше љубов за се.
Човекот кој докажува дека музиката нема граници и човекот кој ни покажува дека хуманоста треба да биде задолжителна. Сонуваше за оперски арии, светски хитови, концерти. Да го освои светот, а беше на чекор од тоа, на чекор од светска слава. Човекот кој покрај големиот талент, имаше и огромно срце и секогаш имаше љубов за се. Кој знае каде ќе беше сега доколку не се случеше таа несреќа.
Естрадниот магазин Бекстејџ кој се емитува секој работен ден во 16.15 на Телма, вторничкото издание ќе му го посвети токму нему, за него зборуваат новинарката, авторката на книгата за Тоше, Соња Алексовска Неделковска, музичкиот продуцент Миро Буљан, но и некој кој сиве овие години молчеше а имаше што да каже, Бекстејџ ќе ве потсетат на најголемите негови хитови, но и она на кое што не смее да се заборави кога е тој во прашање. Гледајте денес, 16.15 на Телма.