ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 во Охрид на 6. и 7. јуни

ИЗВОРСкопје24
|

На 6 и 7 јули покрај Билјанините извори во Охрид, Македонска триатлон федерација и локалниот организатор “Спорт за сите, сите за спорт” ќе ги организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019. Настанот е под покровителство Општина Охрид, Агенцијата за млади и спорт, и Македонскиот олимписки комитет, помогнат од Сојуз на спортови на МК како и МВР на РСМ.

„Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем триатлонски настан. Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нѐ измотовира и годинава да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската зедница во нашата земја ќе се гордее. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на Buffalo Beach, во Билјанини извори. Сите заинтересирани триатлонци и спортски ентузијасти можат да се пријават најдоцна до 1 јули (23:59:59) на https://www.smartrace.club. За сите што ќе се регистрираат заклучно со 20 јуни, во стартниот пакет ќе има и маица.“, порачува Иван Михајловски, Претседател на Македонска триатлон федерација.

Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.

На Отвореното национално триатлон првенство, натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраст: *Сениори (1999 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање *Рекреативци (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање


•1.категорија – родени 2003-1990г.(29-годинии и помлади) •2.категорија – родени 1989-1980г.(30-39 години) •3.категорија – родени 1979-1970г.(40-49 години) •4.категорија – родени 1969г. (50+ години)
*Кадети (2004-2006): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање
*Деца 2 (2007-2010): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање
*Деца 1 (2011 и помали): 75м пливање, 2км велосипед, 0.5км трчање