Граѓаните кои денес се најдоа на Меѓународната автобуска станица во Скопје беа сведоци на по малку стр аотна слика кога полиција мораше да интер венира по пријава за поставена бо* ба.
Имено, тие пристапиле на теренот откако бил пријавен оставен куфер до банкомат на станицата, а по ева куацијата на присутните и проверките, полицијата утврдила дека во него нема ништо сомнително и дека некој го заборавил куферот. По проверката било забележано дека во него имало само облека.
Од МВР преку соопштение појаснуваат што се случувало денеска на автобуската станица:
– Денеска во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Меѓународна автобуска станица- Транспортен центар во близина на банкомат бил оставен куфер. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, направени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за едно лице кое го оставило куферот, во кој имало облека односно нема никаква опа сност за граѓаните – велат од таму.