Eве ги добитниците на 100.000 денари од новото извлекување на #МојДДВ наградите

ИЗВОРСкопје24
|

Извлечени се 15-те најсреќни добитници на награда од по 100 илјади денари, а кои скенирале сметки во текот на февруари, соопшти денеска Министерството за финансии.

Љупчо Николовски, Живко Поповиќ, Тони Ристовски, Иван Митевски, Јово Костовски, Зоран Тушевски, Дејан Мијајловиќ, Мартина Анчевска, Наташа Станојковска, Имран Широки, Зорица Кочоски, Небојша Арсиќ, Ласте Петрински, Мица Пачковска и Елизабета Јовева се граѓаните кои беа извлечени во третото коло кое се емитуваше на Канал 5 ТВ вчеравечер.

Добитниците се од Скопје, Прилеп, Штип, Тетово и Куманово.

Наградната игра стартуваше на 15 декември лани и ќе трае една година. За да учествува во наградната игра, лицето треба да е регистрирано на системот е-Персонален данок, да е корисник на апликацијата МојДДВ, како и да ги прифати условите за учество во МојДДВ #МојаНаграда.