Деновиве изненадување беше што во домашните медиуми се појави вест дека еден од нашите најдобри ракометари – Столе Стоилов, наскоро ќе игра уште една многу важна позиција во својот живот- ќе стане татко!
Иако некои со мала доза на несигурност ја примија оваа информација, со оглед на тоа што ракометарот не се огласи во јавноста, и истата не ја потврди, екипата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, успеа да дојде до вистина од извор близок до семејството чие барање е да остане анонимен.
Среќната новост за приновата ја потврди и откри дека Столе за неполни седум месеци ќе се реализира за првпат во улогата на татко.
Избраничката на Стоилов, односно мајката на неговото идно дете се вика Деница и по професија е уметник. Заедно се замо неколку месеци, а нејзиниот Инстаграм профил е полн со објави и фотографии со нејзините дела кои ракометарот задолжително ги „лајкува“.
Информација за свадба во биска иднина, се уште нема, но веројатно парот наскоро ќе изненади и со датум.