Еве како беше пречекан победникот на „Ѕвездите на Гранд“ во неговиот роден град

|

На концертот во Тешањ, организиран како дел од победата во „Ѕвездите на Гранда“ на Нермин Ханџиќ, Вики Миљковиќ и речиси сите финалисти беа пречекани од над 20.000 луѓе.

– На седмо небо сум, прекрасно е. Секој дел од мојот Тешањ, мислам дека ќе летам од среќа – рекол младиот победник гушкајќи се цело време со својот ментор, кој во родниот град беше пречекан со овации и аплаузи кои траеја неколку минути.

Освен Нермин и неговиот ментор, микрофонот го зедоа и неговите колеги од финалето, како и минатогодишниот победник Махир Мулалиќ кој дојде да му даде поддршка на помладиот колега.

Колкав интерес за овој концерт имаше говори и фактот што на влезот во градот се формираше колона од неколку километри, која создаде неверојатна гужва, па гостите во придружба на полицијата дојдоа на стадионот за да започнат се’ на време.

Овој концерт во Тешањ сигурно долго ќе се памети, не само по фантастичната атмосфера, туку и по титулата што младиот и талентиран Нермин му ја донесе на овој град.

Видеото погледнете го ОВДЕ.