Во оваа медитеранска земја, жителите максимално ги искористиле сите благодати на туризмот, така што наоѓањето на поволно сместување е еднакво на добивање на лотарија, а овогодишните температури од 45 степени Целзиусови ги натерале туристите уште еднаш да размислат за своите грчки авантури.
Агенцијата за патување Никана на својот Инстаграм профил објавила видео од поволно сместување на еден од најскапите грчки острови – Миконос.
„Вака изгледа поволно сместување на Миконос. Без клима, 57 евра дневно за двајца“, напишано е на видеото.
Во малечка соба од куќичка се наоѓаат два кревети, огледало и вентилатор поради што луѓето веднаш почнале да коментираат.
„Ова е класичен контејнер. Мобилен тоалет што се користи на паркинзите покрај автопатиштата. Подобро е да останете дома, да отидете на некоја река во близина или базен и за 52 евра да си купите мини-фрижидер, пиво и сендвичи и да уживате“, заклучил некој човек.
Како што наведува „Јутарњи“, се нижеле и лути реакции, а некои заклучиле дека затворските ќелии изгледаат похумано.