Еве како ќе се спроведе пописот напролет

ИЗВОРНов Лист
|

Лицата кои се надвор од државата помалку од една година и имаат место на живеење тука ќе влезат во резиденти, а тие надвор од земјава над една година во нерезиденти. Ќе можат сами да се попишат од 1 март до 21 април на посебна апликација која директорот на статистика Aпостол Симовски тврди дека е безбедна.

Доколку сами не се попишат тогаш во нивно име, податоци за нив ќе дадат лицата кои ги познаваат. Апликациите со лажни и неточни податоци нема да се прифаќаат и ќе подлежат на дополнителна проверка од базите со кои располага земјава.

Директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска ја претстави методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот кој треба да се одржи во април. Рече дека ДСЗ е подготвена за оваа најголема статистичка операција. Тој апелираше до граѓаните да го сфатат пописот сериозно бидејќи е во нивен интерес. Не ги коментираше политичките изјави за одложување на пописот – рече дека е донесен закон со рокови за пописот што тие мора да го испочитуваат.