Еве како Путин одмара на Сибир: Откриено е колку често рускиот претседател готви, а сите ги интересира тајната на еден рецепт…

ИЗВОРСкопје24
|

Првиот човек на руската република Тува, Шолбан Кара-Ол, откри за руските медиуми како Владимир Путин го минува својот одмор во сибирскиот регион.

Имено, Владимир Путин често самиот сакал да направи скара и да подготви јадење. Кара-Ол откри дека Путин знае да направи одлична скара, но не ја откривал тајната за неговата вкусна маринада. Покрај тоа, Путин секогаш уживал во домашно сварено кафе.

„Господин Шојгу прави домашно кафе. Тој знае да направи одлично кафе на логорскиот оган“, изјави Кара-Ол и додаде дека на гостите и тој им прави кафе со шеќер кој најпрвин го карамелизира, а потоа и додава млеко.

Како што откри, Владимир Путин го обожувал и националниот чај од Тува кој го правеле по рецептот на бабата на Кара-Ол.

„Најважната состојка е водата. Земаме вода од изворите и зелен чај. Малку го посолуваме, чекаме водата за започне да врие, а на крај додаваме и млеко“, раскажува тој, а портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков откри и колку често готви Путин.

„Не често, но се случува и тоа“, изјави Песков, пренесуваат руските медиуми.