Со помош на овој трик од стариот и тврд леб можете да добиете нова и целосно свежа и мека векна леб.
Учителка од Австралија, која се занимава и со подготовка на храна, со своите следбеници сподели генијален трик за „оживување“ на стариот и застоен леб, за само неколку минути.
Кејти Лолас има одличен совет што да правиме со тврдиот и стар леб, на кој пред неколку дена му истекол рокот на траење.
Во видеото кое го постави на својот Инстаграм оваа мајка од Сиднеј покажа како вашиот стар леб да биде повторно мек и вкусен.
Единствено, во овој случај, не доаѓа во предвид лебот кој е веќе мувлосан.
Таа лебот најпрвин го покисна со вода, а потоа го стави во рерна вклучена на 160 степени на само 6 минути. Погледнете како и вие да го направите истото со клик ОВДЕ.