Времето денес, на големиот Христијански празник Богојавление – Водици и утре во текот на денот во Македонија ќе се задржи стабилно, суво и сончево. Наутро ќе биде многу студено и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9 степени.
Во текот на ноќта четврток кон петок, а особено во петок ќе има повремени врнежи од снег, а ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до -4 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 4 степени.