Еве кога се очекува да се стабилизира цената на маслото за јадење

|

Цената на маслото ќе достигне до 150 денари, но ќе се стабилизира после празниците. Надлежните уверуваат дека ќе има масло на рафтовите.

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните да не прават залихи од зејтин, бидејќи во наредните неколку денови снабдувањето на пазарот ќе се нормализира.

„Од утре или задутре ќе има доволно масло за јадење по рафтовите. И граѓаните и другите потрошувачи не треба непотребно да прават залихи, бидејќи може да се наруши пазарот во одредени моменти, како што беше неколку дена претходно“, кажа Бектеши при денешната посета на фабриката за масло во Велес заедно со министерот за земјоделие.

Министерот за земјоделство, Николовски очекува барем двојно да се зголемат површините под сончоглед.

„Последните три години овие мерки дале и даваат резултат во зголемување на површините, но тоа не е доволно и затоа зацртавме планови што треба да преземеме. И очекувањата на менаџментот од фабриката се дека годинава ќе се дуплираат засадените површини со сончоглед, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.