ПРЕКУhttps://telma.com.mk
Премиерот Зоран Заев му предлага на Собранието да ги разреши од функцијата министрите без ресор, Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил. На место Ахмедовски, Заев за министер без ресор задолжен за имплементацијата на стратегијата за Ромите го предлага Музафер Бајрам, кој е потпретседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите. На место Аднан Ќахил, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, го предлага Елвин Хасан, потпретседател на Партијата за движење на Турците.
Инаку Адднан Ќахил и уште пет-шест мина, меѓу кои негови братучеди, беа исклучени од партијата за движење на Турците пред неколку дена. Тој ја раководеше до ноември минатата година, кога на конгрес за нов претседател беше избран пратеникот Енес Ибрахим.