Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје почнувајќи од денеска во 19 часот, до утре до 18 часот, ќе воведе посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки на утрешното одржување на традиционалната спортска манифестација – „Виз Ер Скопски Маратон 2019″ со почеток во 08,30 часот.
МВР денеска соопшти дека за трката од 5.000 метри за сообраќај времено ќе бидат затворени следните сообраќајници: од стартната точка на ул.„Димитрие Чуповски” право по ул.„11-ти Октомври” во правец кон Градска Болница, право кон “Црвен Крст”, кај Тутунски комбинат лево по бул.„Крушевска Република”, па десно по бул.„3-та Македонска Бригада”, право по бул.„3-та Македонска Бригада” до крстосница со ул.„Црвена Вода 7″ каде што се врти полукружно па право по бул.„3-та Македонска Бригада”, десно по ул.„Фрањо Клуз”, лево по спротивната насока на движење на бул.„Кузман Јосифовски Питу”, лево по бул.„Кочо Рацин” десно по ул.„11-ти Октомври” до целта – Собрание на Р. Северна Македонија.
Втората траса за трката на 21 километар, полумаратон: стартот е преку Порта Македонија, Плоштад Македонија, преку Камени мост, лево на ул.„Иљо Војвода”, лево по мост Гоце Делчев, право по бул.„Илинден” лево по ул.„Љубљанска”, право по ул.„Московска”, десно по ул.„Војвода Васил Чакаларов”, на крајот на улицата се врти полукружно назад и се продолжува право по ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов”, право по ул.„Димитрие Чуповски”, право по ул.„11-ти Октомври”, лево по бул.„Крушевска Република”, десно по бул.„3-та Македонска Бригада”, лево по ул.„Фрањо Клуз”, десно по бул.„Јане Сандански” до крајот пред семафорот со бул.„Србија” се врти назад по бул.„Јане Сандански”, лево по ул.„Фрањо Клуз”, десно по бул.„3-та Македонска Бригада”, лево по бул.„Крушевска Република”, десно по ул.„11-ти Октомври”, право до пред Собрание на Р. Северна Македонија каде што е и целта.
И третата траса за маратонот на 42 километра/штафетен маратон, кој ќе се трча по истите улици како и полумаратонот, но по првиот круг кога натпреварувачите ќе дојдат пред Собрание на Р. Северна Македонија продолжуваат уште еден круг право по ул.„Димитрие Чуповски”, десно по бул.„Св. Климент Охридски”, лево по бул.„Илинден” и се трча истата рута како од првиот круг.
За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.
Утре истот така поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2019“ дел од автобуските линии што сообраќаат на трасатата на која ќе се одржува маратонот ќе имаат изменет режим на сообраќање, а некои воопшто нема да бидат во функција.
Како што соопшти ЈСП „Скопје“, туристичката линија „City tour“ нема да сообраќа цел ден. Линиите 25 и 59А нема да сообраќаат во периодот од 8 до 10 часот.
Од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе сообраќаат 2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.
Од 7 до 14 часот по вообичаената траса ќе сообраќаат: 2, 2А, 12, 19, 20, 25А, 25Б, 42, 45 и 65В, како и приградските линии 11, 11А, 18, 18А, 32, 47, 47А, 52, 53, 55, 56, 56А, 60, 61, 62, 63, 63А, 63Б, 65, 66, 66А, 68, 69, 71, 81, 118.
По изменети траси, користејќи ги околните сообраќајници, ќе сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 5, 7, 8, 9, 15, 15А, 16, 17, 20, 21, 21А, 22, 22А, 23, 24, 27, 28, 50, 45, 52, 53, 55, 62, 63, 63А, 65, 65В, 66, 66А, 68, 69, 18А, 47, 47А, 61, 71, 81, 11, 11А, 18, 32, 56, 56А, 60, 118, 57, 59, 31, 41, 51, 67, 70, 74, 58, 73.
На веб-страницата на ЈСП „Скопје“ www.jsp.com.mk може да се погледнат трасите на линиите што ќе возат изменето од вообичаениот режим.