Колку пари губи Бака Прасе со исклучувањето на неговиот канал на Јутјуб?

|

На српскиот јутјуберот Богдан Илиќ познат како Бака Прасе пред неколку дена му е исклучен каналот на Јутјуб.

Овој негов канал имаше повеќе од 2 милиони следбеници и иако се уште не се познати деталите за негово исклучување, во медиумите неодамна се водеа полемики за содржините кои Бака Прасе ги пласира на Јутјуб, а исто така излезе и информација дека поголемиот дел од парите кои ги заработувал, не биле пријавени во даночните служби.

Според податоците на сајтот socialblade.com и статистиките, каналот на Бака Прасе на Јутјуб бил трет најдобар рангиран во Србија.

Проценките се дека месечно можел да заработува многу пари, а во зависнот од содржините и бројот на објавите, како и монетизацијата, заработката на месечно ниво се движела од 4.700 евра до 74.500 евра.

Потенцијален просек на заработка на годишно ниво, според пресметките кој ги објавил сајтот, изнесуваат помеѓу 55.900 евра и 894.200 евра.