|
Државата преку фондот на Министерството за животна средина собрала 235.000 евра од парите што трговците ги уплатувале изминативе два месеци од продажбата на пластичните кеси по 15 денари. Оваа мерка стапи на сила од 1 декември 2021 година.
Како што информираше министерот за животна средина, Насер Нуредини, за десет пати е намалена употребата на пластични кеси откако стапи на сила новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.
Тој е задоволен од резултатите и потенцира дека граѓаните се повеќе пазаруваат со платнени торби.
Нуредини најави дека се подготвува план во какви еколошки проекти ќе бидат вложени собраните пари во еколошкиот фонд.