Еве по колку се чека на Табановце за излез од државата

|

На граничниот премин „Табановце“ за излез од државата се чека околу 30 минути поради зголемена фреквенција на возила, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, информира АМСМ.