Еве што прават Цеца и Богдан по раскинувањето: Срејовиќ фатен среде ноќ со шише вино, а Ражнатовиќ вака го поминува времето

ИЗВОРНов Лист
|

Пред неколку дена во медиумите одекна веста дека раскинале пејачката Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ.

Екипа папараци ја чекала Ражнатовиќ 4 дена пред вилата во Љутиче, додека таа не излегла од куќата. Уловена како оди на маникир, во опуштено издание во бела тренерка. Возачот дошол да ја земе, а пред некој ден ја фатиле како оди да го снима шоуто Ѕвездите на Гранд.

Срејовиќ бил фатен пред ресторанот во кој работи, кога одел кон автомобилот, а папараците го следеле додека не дошол во еден новобелградски блок во кој живее со години. Излезе со шише вино, а дали некој го чекаше ќе остане мистерија.

Да потсетиме, пејачката и Богдан истакнаа дека останале во добри односи, а доказ за тоа се лајковите и фотографиите на социјалните мрежи.