Еве што треба да знаете за вашиот автомобил пред регистрација

ИЗВОРНов Лист
|

Потребата од тоа што треба да се знае околу осигурувањето на автомобилите, цена на осигурување, упатствата што треба да се следат или пак колку би не чинела одредена поправка, понекогаш е застрашувачка. Но не мора да биде така. За да се чувствувате посигурни како сопственик на автомобил, потребно е неколку основни работи што треба да ги знаете пред да седнете зад воланот:

Година, производство и модел

Првата работа што треба да ја знаете за вашиот автомобил е годината кога е произведен, изработката на автомобилот и специфичниот модел. Ова може да ви изгледа смешно, но навистина многумина не ги знаат овие податоци или пак грешат во годината и моделот, што може да доведе до големи проблеми. Течностите, деловите и додатоците за поправка и одржување на автомобилот се засновани на годината, производството и моделот на автомобилот, па затоа е клучно да се знаат точните информации. Дизајнот, конструкцијата и моделите на автомобили можат значително да се променат за една година, што значи дека, исто така, ќе бидат променети и деловите потребни за вашиот автомобил.

Шасија

Вашиот број за идентификација на возилото (шасија) е отпечаток на автомобилот. Тоа е 17-цифрен број којшто го идентификува датумот, местото, производството, моделот, големината на моторот на вашиот автомобил, итн. Шасијата останува со автомобилот во текот на целиот живот. Треба да знаете каде да го пронајдете овој број, но не треба да го запомните. Најлесен начин да го пронајдете е да застанете надвор од возилото од страната на возачот и да погледнете во аголот на контролната табла каде се среќава со шофершајбната. Шасијата е корисна кога разговарате со механичарите (на пример, ако сакате да купите делови за автомобилот) и со осигурителните компании.

Распоред на одржување

Вашиот автомобил ќе го одржувате добро доколку се придружувате до специфичниот распоред за одржување. Тој ќе ви покаже кога да го промените маслото, течностите и гумите. Секој автомобил има свој распоред што треба да се следи за одржување на неговите оптимални перформанси и долговечност. Овој распоред го имате во упатството за сопственикот. Прочитајте го и строго следете ги препораките за проверка и замена на делови или течности во вашиот автомобил.

Притисок во гумите

Правилниот притисок на гумите е веројатно најигнориран кога станува збор за одржување на нашите автомобили. Колку и да сме мрзеливи да го провериме кога сме на бензинска пумпа, многу е битно да го направиме тоа со цел да се избегнат издишени гуми, веројатноста да влезе шајка во нив или побрзо да се истрошат. Вистинската вредност на притисокот на гумите за возилото ќе ја најдете во книгата со упатство. Не заборавајте да ја проверите и напумпате и резервната гума. Кога ова ќе ви прејде во навика, не ќе мора често да ги менувате гумите и да купувате нови.

Светла на контролната табла

Речиси сите се вознемируваме кога ќе се појават контролните светла на таблата, затоа што некои од нив се особено важни и за автомобилот и за безбедноста на патниците. Овие светла се разликуваат кај различни производители на автомобили, затоа добро проверете во упатството за вашиот автомобил. Одредени светла се особено важни, на пример, црвено светло значи веднаш да побарате помош од професионалец, а пак жолто светло значи да го проверите тој дел што е можно поскоро. Разбирањето на овие клучни информации, е прв чекор да се чувствувате дека се е под контрола со вашиот автомобил, да разговарате со механичар со самодоверба и да направите подобри избори за одржување на вашиот автомобил.