Еве што мора да направат девојките денес за да имаат повеќе додворувачи

|

На 6 мај православните верници го слават Ѓурѓовден, празник посветен на Свети Ѓорѓи. За овој ден се поврзуваат различни обичаи, особено оние поврзани со цвеќето, природата, а самиот празник некогаш се земал како граница меѓу зимата и летото.

Поглем број на старите обичаи на Ѓурѓовден се однесуваат на здравјето, плодноста, љубовта, среќата, венчавањето.. Еден од обичаите за Ѓурѓовден е китење на портите со цветни венци.

Во одредени делови во Македонија е обичај на Ѓурѓовден да се оди во природа, да се направи пикник со храна, пијалак и музика. Се празнува до пладне, а стариот обред е младите да се опашаат со врбови гранки да бидат напредни како врби, да се китат со здравец за да бидат здрави, коприва бидејќи копривата ги гори болестите и селен да се направи за нивните души да мирисаат на селен.

Магичен лов за мажи
Девојките практикуваат магија пред брак. Овој таканаречен магичен лов за мажи зависел од место до место. На некои места се берело помамник, за да момчињата се мамат по нив и oбичен папрат за да ги преферираат мажите.