|
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче, фудбалерот Немања Гудељ отпатуваа на Ибица од каде пејачката редовно споделува фотографии и видеа со фановите.
Нејзиниот одмор и го подари новото момче за роденден и чини неверојатни 35 илјади евра. Анастасија објави видео од вилата каде се сместени, а на истата се гледа дека во склоп на вилата постои и базен, а погледот на морето е совршен.
Српските медиуми пишуваат дека фудбалерот ја закупил вилата која ја опремил како стан само за да ја направи среќна Анастасија.
Во вилата има дневна и спална соба, голем тоалет, двор и базен, а само за овој луксуз одвоил околу 20 илјади евра.