Еве зошто кога патувате со автобус или авион секогаш треба да носите тениско топче

ИЗВОРСкопје24
|

Реално, најголем дел од обичните граѓани (под обични мислиме на најголем број од нас, што немаме привилегии и можности за луксузни патувања) кога патуваат (обично на одмор), тоа го прават со автобуси или економска класа од авионски транспорт.

И во двата случаи, ако сте малку повисоки од просечната човечка висина, сигурно едвај ќе ги сместите вашите нозе во релативно тесниот простор меѓу седиштата. Поради ограничениот простор, најверојатно со часови ќе седите со вкочанет врат и грб, што секако влијае врз вашето расположение и здравје.

Иако повеќето од нас, во такви ситуации, знаат да станат и да се прошетаат во текот на возењето или летот, со цел да ја нормализираат циркулацијата на крвта, не секогаш има можност за такво раздвижување при патувањата (или едноставно не ви е згодно да го направите тоа). Е, токму во тој момент на сцена стапува тениското топче.

Збунети сте? Продолжете со читање, ќе ви се разјасни.

Тениското топче може да ги посрами и да ги фрли во сенка сите оние скапи и креативни уреди кога станува збор за ублажување на болката, подобрување на циркулацијата и ублажување на вкочанетоста.

Со вртење на тениското топче врз вашето тело, ги опуштате вкочанетите мускули и го поттикнувате циркулирањто на крвта, овозможувајќи си себеси врвна самомасажа во движење.

Постојат одредени делови од телото на кои би требало посебно да посветите внимание. Клучни делови кои најчесто страдаат поради условите во автобусите се зглобовите, нозете, горниот дел од грбот и рамената. Лесно притиснете го тениското топче на секој од овие делови и тркалајте го по површината на телото. Особено посветете внимание на деловите кои најмногу ве болат, бидејќи тие се највкочанети.

Многу едноставно, евтино, а ефикасно решение. Може да ви го направи патувањето помалку непријатно и да ве одржи во подобра форма во екстремни ситуации, како што е повеќечасовното седење во „здрвена“ положба во тесен простор.