ЕВН ХОУМ го распиша тендерот за набавка на струја за домаќинствата, наскоро ќе се знае и новата цена

|

ЕВН ХОУМ го објави тендерот за набавка на струја за потребите на домаќинствата за периодот јули – декември 2022 година. Изборот на компанија која што ќе понуди количини на електрична енергија по најповолна цена која ќе се врши на 24 овој месец.

Законски државните електрани треба да обезбедат 60 проценти од потребите на Универзалниот снабдувач од кој се снабдуваат домаќинства и мали потрошувачи.

Според методологијата од цената која ќе биде постигната на овој тендер најмногу ќе зависи, колку ќе плаќаат граѓаните до крајот на годината.

На претходниот тендер ЕСМ успеа да понуди 100 проценти од потребите на Универзалниот снабдувач, по цена од 41 евро за мегават час – повисока од претходната која изнесуваше 36 евра за мегават.

Во меѓувреме регулаторна ги разгледува и пресметките на трошоците на енергетските компании кои пристигнаа до нив.

Новата цена на струјата треба да се знае месецов, а да важи од први јули.