ЕВН: Не сме надлежни за барања за обештетување, прекинот со електрична енергија е последица од дефект на мрежата на МЕПСО

|

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија на ден 13.01.2022 се случи како последица од дефект во делот на мрежата на МЕПСО, а во делот на мрежата на ЕВН немаше дефекти, соопштуваат од ЕВН.

Како две функционални и правни одвоени енергетски компании, од ЕВН за „Локално“, посочуваат дека не е надлежна за мрежата на МЕПСО, и дека поради тоа до нив немало барање за обештетување, по завчерашното губење на електрича енергија во неколку скопски населби, Велес и Овче Поле..

– ЕВН  не е надлежна за делот на мрежата на МЕПСО, а следствено на тоа не е ни надлежна за евентуалните барања за обештетување. Поради тоа и не е пристигнато ниту едно барање за обештетување до ЕВН Македонија. Во други случаи, доколку има штети како последица од дефект кој настанал во делот на мрежата на ЕВН, корисниците се обраќаат со барање до нашите служби и комисија го разгледува истото и излегува на терен. Доколку барањето е основано, на корисникот му се поправаат расипаните уреди. Ако барањето не е основано, корисникот не добива обештетување, велат од ЕВН.