(ВИДЕО)Европа е спасена – Лукашенко цепеше дрва и испрати порака до Европа

ИЗВОРНов Лист
|

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во видео објавено вчера вети дека ќе „подели“ огревно дрво со Европа.

На снимката Лукашенко, со секира во рака, цепи дрва во двор на селски имот со бизнисменот Сергеј Тетерин.

„Ајде, другар! Да им помогнеме на нашите браќа, тие можеби ќе ни пружат рака и ќе ни помогнат за возврат еден ден“, порачува Лукашенко на снимката.

„Би требало да размислиме како ова огревно дрво да го направиме достапно за селанецот и тамошните семејства од работничката класа, а не на големите бизнис тајкуни“, вели белорускиот претседател.

„Исто така, клучно е да се обезбеди на (полскиот претседател Анджеј) Дуда и (премиерот Матеуш) Моравјецки да им биде топло. Тие се наши соседи, зар не? Можеби ќе се приберат“, порачува Лукашенко.

“Нема да дозволиме Европа да замрзне, ќе им помогнеме на нашите браќа, можеби и тие некогаш ќе ни помогнат” – вели во видеото -Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија.