Европската комисија објави нов твит кој не ја содржи придавката „северномакедонски“

ИЗВОРНов Лист
|

Европската комисија објави нов твит кој веќе не ја содржи придавката „северномакедонски“ ниту пред функцијата на на претседателот Пендаровски, ниту пред собранието.

Содржината на новиот твит е следна: „Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дел Лајен, утре во Скопје ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски. Фон дел Лајен во 13 часот ќе има обраќање во парламентот на Северна Македонија“, стои во твитот објавен од Европската комисија.

Од македонското МНР велат дека предхорниот твит бил избришан после нивна ракција, но не прецизираат на кој начин реагирале. Од МНР велат дека добиле уверување од ЕК дека била направена ненамерна грешка.