Европски град им дава подарок ваучер на туристите во вредност од 90 евра

|

Швајцарскиот град Женева испраќа ваучери како подароци на туристите за да ги охрабри да го посетат.

Ваучерот вреди 100 швајцарски франци (околу 110 американски долари или околу 93 евра) и може да се користи во 58 хотели, 66 барови и ресторани, па дури и за некои туристички атракции, пренесува „Lonely Planet“. Ако турист остане во хотел кој учествува во програмата најмалку две ноќевања, тој го добива ваучерот по регистрацијата.

За жал, тој е за еден по соба и не се издава лично на лице, а важи само до декември 2020-та година.

Покрај ваучер, посетителите на Меѓународниот аеродром во Женева, исто така, ќе добијат билет кој важи за 80 минути по пристигнувањето на аеродромот, за да можат да стигнат до нивното сместување без дополнителни трошоци. Доколку останат во хотел што учествува во програмата, може да добијат и картичка што ќе им овозможи бесплатно да користат јавен превоз во градот.

Важно е да се напомене дека иако овие ваучери се секако добри стимулации за привлекување туристи во градот, Швајцарија исто така има строги правила за тоа кој може или не може да патува во земјата во моментот заради здравствената криза.