Еврото падна под еден долар, нафтата се продаваше по најниска цена од март

|

Еврото денеска падна на 20-годишен минимум на ниво под еден долар и се тргнува на ниво од 0,9952 долари за евро.

Ова се должи на намалената побарувачка поради загриженоста од електро-енергетската криза и политичките превирања во Италија. Во меѓувреме, американската валута зајакна поради очекувањата за агре сивно зголемување на каматните стапки од страна на Федералните резерви.

Ова е најниско ниво на еврото од декември 2002 година, додека доларот е на највисоко ниво од септември 2002 година.

Завчера за првпат по 20 години еврото се израмни со доларот.

Цената на нафтата пак, падна на најниско ниво од март.

Суровата нафта „брент“ денес се тргуваше за 97,68 долари за барел, што е пад од 1,98 отсто од затворањето на претходната сесија.

Американската сурова нафта WTI денеска поевтини за 2,09 отсто на 94,29 долари за барел, откако во средата се затвори на тргување со 96,3 долари за барел.

Вчера на светските берзи, нафтата доживеа драстичен пад.