Евровизиската претставничка на Кипар се омажила и родила на 14 години – Ова е нејзината неверојатна приказна (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Евросонг започнува во вторник, 14 мај, а меѓу 17-те натпреварувачи што ќе се појават во првата полуфинална вечер е претставничката на Кипар, Тамта (38). Таа ќе ја пее песната „Replay”.

Тамта е родена и израсната во Грузија, а на 14-годишна возраст се запознала со две години постар дечко за кој се омажила. Таа наскоро ја родила ќерката Ани (24) и се развела по шест години брак. Во една пригода, таа рече дека нејзината ќерка секогаш ќе ѝ биде на прво место.

„Горда сум на мојата ќерка. Прво сум мајка, а потоа сè друго. Мајка ми многу ми помогна околу Ани. Да не беше таа, немаше да успеам“, рече пејачката.

Кога имала 22 години се преселила во Грција, каде што работела домашни работи заедно со нејзината мајка. Таа отишла на аудиција за грчката верзија на натпреварувачкото шоу „Супер идол“ во 2003 година. Притоа завршила на второ место, што било голем успех за неа, бидејќи се пријавила по наговор на луѓето за кои работела како домаќинка.

Со години сака да оди на Евросонг, а во 2007 година беше трета на грчкиот избор, со песната „With Love“. Една година подоцна таа се обиде на изборот на Кипар, но не успеа да се пласира на првото место.