Евтина, достапна и здрава но се уништува за еден ден – Трик со кој марулата нема брзо да скапе

ИЗВОРНов Лист
|

Марулата е евтина, достапна и здрава, и треба често да ви биде на менито.

Има витамини А и Ц, калциум, цинк, бакар и магнезиум, како и фосфор од минералите.

Таа има и витамини Б1, Б2 и Б6, неопходни за правилна работа на мозокот.

Ако сакате марула, веројатно знаете колку брзо ја губи свежината, сепак не очајувајте има само еден трик како таа да не овене и да не изгуби од своите состојки.

Се што треба да направите е да ја завиткате во хартија, и така таа нема да ја загуби свежината со денови.