Можно е поскапување и на евтината струја. Извори за Телма велат дека и во овој дел се очекува да има корекции.
Какви точно ќе се знае утре, но според информациите можно е и цената за евтината тарифа која граѓаните најчесто ја користат да се зголеми. Исто така РКЕ наместо една просечна, утре ќе објави четири цени, за секој тарифен блок посебно.
Она што се знае е дека цените за потрошувачката на киловатите, во сите блокови ќе бидат зголемени. Но најголемо поскапување ќе има за последниот, четвртиот блок кое се очекува да биде и повеќе од 140 отсто. На овие граѓани електрична енергија ќе им се фактуира по цени, слични како на отворен пазар.
Регулаторна ги прави последните пресметки за новите цени на струјата кои треба да ги објави утре. Речиси сите енергетски компании прикажаа зголемени трошоци и побараа поскапување на својата услуга и тоа од 60 до 80 отсто.
Од РКЕ соопштија дека дел од трошоците ќе бидат прифатени, но дел не. Државната ЕСМ пак својата струја на Универзланиот снабдувач му ја понуди по цена која е за 17 отсто повисока од сегашната, односно за 48 евра по мегават час. Но и сотојбата на берзите и натаму е драматична.
Сите параметри покажуваат дека следи нов ценовен ш ок кај електричната енергија. Со новиот тарифник за стурја пак кој РКЕ вчера го објави се очекува домаќинствата рациолано да ја трошат електричната енергија.
Границите на четирите блока се јасно дефинирани. Сите кои ќе трошат до 210 киловати влегуваат во прв блок , оние со потрошувачка до 630 ќе бидат дел од вторит блок, до 1.050 ќе влезат во трет, а сите оние кои ќе трошат над 1050 киловати ќе влезат во четвртиот блок.
Ирена Чачкова