Езеро во Австралија летно време станува розово – здивот ќе ви застане од оваа глетка (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Езерото во Ветгејт парк во Мелбурн, секое лето станува розово и привлекува голем број туристи и друштва од Инстаграм кои едвај чекаат да објават фотографии покрај тоа бајковит призор.

Зошто? LADbible пишува дека постојат неколку причини. Една е многу солта. Имено, станува збор за многу солено езеро а кога тоа ќе се поврзе со многу сончева светлина, малку врнежи и алги кои потоа на дното формираат „солена кора“ создаваат црвен пигмент, доаѓа до оваа неверојатна појава.

Но, не било отсекогаш такво. Вработените во паркот велат дека езерото првпат станало розово во 2012. година и дека оттогаш секоја година почнало да ја менува бојата.

Сепак, предупредуваат дека посетителите не би требало да доаѓаат во контакт со водата, но тврдат дека алгите не се штетни за дивите животни кои живеат околу тоа езеро.

Оваа појава не е единствена во Вестгејт, кога станува збор за Австралија. Слична појава се случува и во езерата Крозби, Бекинг, Кениуон и Харди, кои се наоѓаат во Националниот парк мареј Сансет. Розевата боја се јавува и во езероото Хилиер и Хат Лагон.