Во топлата соба Теодора, Петар и Васе си ги пишуваат домашните работи и се подготвуваат за училиште. Со нив, легната на креветот е и Тара, нивното домашно милениче. Но Тара не е вобичаено домашно милениче. Таа е волчица стара осум месеци. Тара станува од креветот и оди прво кај Васе и бара тој да ѝ обрне внимание. На Петар му ги стави предните шепи на неговите рамења, па отрча кај Теодора бидејќи знее дека таа ќе ѝ го даде топчето со кое многу сака да игра.
Вака е секој ден во изминативе неколку месеци во семејството Зафировски во Брвеница. Волчицата Тара е љубимец не само на децата туку и на татко им Гоце.
„Тара е дел од нашето семејство. Уште од првиот ден кога ја донесов сите ја засакавме. Знам дека е невообичаено волчица да биде домашно милениче, но Тара е толку умна и питома што не би ја менувале за ништо друго“, ни вели Гоце Зафировски од Брвеница, за миленицата што живее со неговите три деца.