Поп-ѕвездата Марија Шерифовиќ години наназад нe oтcтапува од својот пpeпознатлив моден стил во кој нe cпaѓаат здoлништa, фустани, штикли и сите оние парчиња за кои дамите, особено оние кои се занимаваат со jaвна професија, лyдyваат.
Само во исклучителни ситуации поранешната евровизиска победничка сме ја виделе во поразлично издание, па токму затоа со нејзината последна објава на социјалните мрежи пејачката пријатно ги изненади фановите, а многумина од нив не можеа да поверуваат што гледаат.
Под самата фотографија таа напиша „Добро утро забушанти“, не знаеме на кого се однесуваше тоа, но мора да признаеме дека ова издание одлично и прилега.
Инаку, пејачката ужива во својот стан на Нови Београд за кој издвои 200.00 евра, а сега одлучи да вложи дополнителни 30.000 евра за да го реновира. Марија акцентот го ставила на промена на мебелот, дознава српски Курир.
„Откако заврши во „Ѕвездите на Гранд“, Марија се посвети на средување на станот. Таа сакаше да го промени мебелот, а се одлучи за модерен дизајн. Не станува збор за евтин мебел, а истиот го надополни и со скапи тапети, а сето ова ја чинеше околу 30.000 евра“, открил извор за Курир.
Инаку, Марија е една од најплатените естрадни ѕвезди во регионот, а во нејзиното соседство живее Никола Роквиќ, но и мајка и Верица.
Пејачката постојано ужива во своите работни обврски, и иако ужива да зборува за работата, кога е во прашање нејзиниот приватен живот вешто ги избегнува прашањата поврзани со истиот.