Фантастичен период во љубовта за овните, јарците ги имаат сите карти на маса – Дневен Хороскоп (09.02.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Можноста за напредување ви се отвора и имате голем успех на работа. Можете да очекувате убави вести. Во љубовта ве очекува фантастичен помин заедно со саканото лице.

Бик (21.04 – 21.05)

Денес мора да бидете претпазливи и мудри. Во спротивно, можете да направите сериозна грешка која финансиски ќе се одрази на вас. Време е со партнерот да заборавите на кавгите.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Внимателно избирајте кои зборовите кои ги користите во својот настап или на средбата со соработниците. Премногу внимание им посветувате на некои споредни случувања кои дополнително ве одалечуваат од саканото лице.

Рак (22.06 – 22.07)

Под услов ако сте прифатиле нечија сугестија ќе успеете успешно да го решите проблемот. Пред вас е работа која бара издржливост и познавање на материјата. Ќе сакате тоа што побрзо да го решите, но тоа не зависи само од вас.

Лав (23.07 – 22.08)

Денес ќе реагирате поимпулсивно отколку вообичаено. Можно е да повредите некоја личност, ненамерно. Бидете посмирени. Во љубовта не се возбудувајте за некои ситници.

Девица (23.08 – 22.09)

Време е да се посветите на собирањето на контакти кои би можеле да ви помогнат да напредувате во кариерата. Слободните Девици ќе имаат прилика да запознаат некое многу интересно лице.

Вага (23.09 – 22.10)

Вашиот деловен успех произлегува од добро осмислените планови и прецизните потези. Дозволете си на себе некое ново задоволство или уживање, во кое нормално ќе го вклучите и партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

За да ги остварите зацртаните цели на работа потребно е да пронајдете начин да ги подобрите односите со колегите. Во љубовта некако сте мрзеливи. Мислите дека е доволно само да бидете покрај партнерот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Конечно ќе ви се исплати се што сте направиле во изминатиов период. Флертувате каде и да тргнете. Уживате во вниманието. Саканото лице може да биде повредено.

Јарец (22.12 – 20.01)

Започнуваат да се кристализираат многу работи. Ги имате сите карти на маса и знаете како да реагирате. Нема сите да ги прифатат вашите предлози. Задоволни сте со емотивниот статус.

Водолија (21.01 – 19.02)

Нечии одговори можете да ги толкувате на различни начини. Сочувајте го личносто достоинство во исчекувањето на подобри прилики. Сокријте неколку работи од околината.

Риби (20.02 – 20.03)

Доколку сте на раководечко место обидете се да ја задржите својата страст под контрола. Партнерот има преголеми очекувања од вас. Обидете се да му објасните дека тоа што го сака не е изводливо.