Потребни состојки:
1 кесичка капучино со вкус на ванила, 30 мл топло млкео, 500 мл слатка павлака, 250 гр маскарпоне, 50-100 гр шеќер во прав, 2 лажички еурокрем, 100 гр плазма, млеко, чоколадо за декорација.
Начин на подготовка:
Во шолја измешајте кафе со малку топло млеко. Во голем сад разматете маскарпоне со еурокрем и капучино. Додајте шеќер во прав. Потоа додајте слатка павлака и матете додека смесата не згусне.
Бисквитите потопете ги во млеко, па редете ги на дно на калап. Преку распоредете разматен капучино крем. Декорирајте по вкус. Оставете во фрижидер најмалку 3 часа.
Уживајте!
извор gotvi.mk